Од денеска стапува на сила забраната за движење низ шуми, национални паркови и заштитени подрачја Забраната ќе важи секој ден од 06 до 20 часот, а ваквата одлука е донесена по барање на јавното претпријатие „Национални шуми“. Сие оние граѓани кои што сакаат да се движат низ шумите мора да имаат дозвола.
„Се работи за делумна забрана за движење во шума која што „Национални шуми“ согласно закон е должна да ја побара и ја доби денес од Мнистерството за земјоделие и забраната за движење се однесува секој ден од 06:00 до 20:00 часот. Притоа право да се движат во шума имаат вработените во институциите кои имаат работа во шумата како МВР, ЦУК , Дирекцијата за заштита и спасување, вработените во „Национални шуми“ и фирмите кои што работат како концесионери во „Национални шуми“ односно имаат дозвола за работа во шумско стопанските единици. Сите останати граѓани ќе можат да се движат во шума по претходно добиена дозвола во подружниците на „Национални шуми“ која дозвола се издава за секое лице поединечно и треба да се достави соодветен формулар во подружниците, без таа дозвола не ќе можат да се движат граѓаните во шума. Ова е една превентивна мерка која минатата година даде резултат, јас се надевам дека и оваа година ќе даде резултат, бидејќи ланската година Македонија беше поштедена од големите пожари и се надевам дека и оваа година ќе даде резулат и ќе немаме пожари во текот на оваа лето кое како што го најавуваат е најтопло лето во последните 100 години во Европа, па со тоа и во Македонија“, рече директорот на ЈП Национални шуми Валентин Груевски.
Забраната важи и за движења во националните заштитени подрачја Јасен, Маврово, Попова Шапка и Пелистер.
„НП Пелистер во еден дел е Национален парк, во еден дел е под надлежност на „Национални шуми“. Националниот парк ќе го уреди посебно движењето. Тука ќе треба да се побара дозвола од самиот Национален парк Пелистер, односно од нивната дирекција. Она што го опфаќа Национални шуми, дел од Баба Планина, Кајмакчалан ќе мора да се изваде дозвола од „Национални шуми“, рече Груевски.
Забраната за движење во шумите ја донесе Владата, поради високите температури и активната портокалова фаза.
Од НП Пелистер информираат дека издавањето на дозволи за движење се врши во Дирекцијата на Националниот парк Пелистер од 07:00 до 15:00 часот, или на email: visitpelister@gmail.com.
Секој онај кој што сака да добие дозвола треба да ги даде следните податоци:
• Име и презиме
• Матичен број
•Број на лична карта / пасош
• Регистарска табличка од возилото
• Ден на посета и времетраење на престојот
• Локација/ место на движење.
Од НП Пелистер напоменуваат дека посетителот има обврска да ја напушти зоната на строга заштита до 17:00 часот.












