ТЕРА

REKLAMA???

ТРПЧЕВСКИ НОВ ЧЛЕН НА ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2

РК Еурофарм Пелистер 2 се пофали со десниот бек Стефан Трпчевски. 26-годишниот ракометар потекнува од школата на нашиот клуб и се враќа во Битола по неколку интернационални искуства. Десниот бек потпиша договор на две години со битолскиот клуб.

Во претходните неколку сезони играше за шпанскиот Бургос, финскиот БК-46, израелскиот Хапоел Кирјат Оно и грчкиот Фаикас Корфу.

Трпчевски во македонскиот ракомет ги бранеше боите на Пелистер, Вардар Јуниор, Вардар, Охрид, Струга и Тиквеш.

Новиот ракометар ќе се јави на прозивката на тренерот Михаил Петровски на 24 јули, а официјално ќе биде претставен во август оваа година.