Утрово 14 степени во Лазарополе, Берово, 16 Маврови Анови, 17 Битола, Крива Паланка, 18 Попова Шапка, Охрид, 19 Тетово, Претор, Дебар, Прилеп, Скопје-Петровец, Струмица, 20 Куманово, Демир Капија, Велес, 21 Кавадарци, Крушево, Штип, Гевгелија, 22 Виница, Скопје-Зајчев Рид, Дојран.
Во текот на ноќта времето беше ведро, утрово е сончево со мала локална облачност и со слаб ветер од северен правец.
Сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен, а наместа вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 34 до 41 степен. Во Битола до 36 степени.
УВ индексот 10.












