Високите температури од +40 степени кои што ја зафатија деновиве државата но и Битола ја зголемија потрошувачката на вода. Битолски Водовод на дневна основа моментално испорачува 45 илјади метри кубни вода или 520 литри во секунда, за разлика од месец јуни кога дневната потрошувачка била 456 литри во секунда. Првиот човек на Водовод Пеце Милевски вели дека и покрај зголемената потрошувачка на вода од страна на граѓаните, водоснабдувањето се одвива континуирано и без никакви проблеми и потенцира дека битолчани пијат здрава и чиста вода, која е хемиски и бактериолошки исправна.

„Дневна потрошувачка и испорака на вода во месец јуни беше 40 000 м3 или 456 l/s. Во месец јули во првите 5 дена кога не беа толку високи температурите потрошувачката и испорачана вода беше околку 430 l/s. Откако во Битола се покачија температурите и не зафати топлотниот бран, дневната потрошувачка на вода е 45 000 m3 или 520 l/s. Битолчани пијат здрава и чиста вода, хемиски и бактериолошки исправна вода. Секојдневно 24 часа водата во нашиот систем се контролира и проверува.Независно од нашата лабораторија и Центарот за јавно здравје врши анализи на квалитетот на водата.Во Филтерница на секои 2 часа се вршат анализи и на сировата вода која влегува во филтерницата со тоа уште од самиот почеток на процесот се следи квалитот на водата која им ја испорачуваме на граѓаните“, изјави Пеце Милевски, директор на ЈП Водовод-Битола.
Од ЈП Водовод апелираат до граѓаните на рационално користење на водата, односно да се избегнува наводнување на ниви, бавчи, пластеници како и полнење на базени.












