ТЕРА

REKLAMA???

ДО СРЕДА МНОГУ ТОПЛО ВРЕМЕ

Времето денеска претежно сончево и многу топло. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец.

Дневните температури од 30 до 40 степени, во Битола до 36.

УВ индексот 9.

До среда ќе се задржи многу топло време со високи утрински и дневни температури, како и многу висок УВ индекс.

Најтопло ќе биде во вторник и во среда, кога ќе дува засилен југозападен ветер. Значителна промена ќе има во четврток, кога ветерот ќе се промени во северен, а дневната температура ќе се намали за десетина степени.