ТЕРА

REKLAMA???

АМЕРИКАНЦИТЕ СЕ ПОВЕЌЕ АВТОМОБИЛИТЕ ГИ ЗАМЕНУВААТ СО ВЕЛОСИПЕДИ

Високите трошоци за живот, желбата за заштита на животната средина и големиот број возила во сообраќајот на главниот град на САД, ги натера Стефани и Одри своите автомобили да ги заменат со велосипеди.

Одри вели дека вози велосипед од мала. За неа, возењето велосипед е најдобриот, најекономичниот и најбрзиот начин да се патува низ Вашингтон.

За граѓаните кои немаат сопствен велосипед, Одри вели дека градот нуди можности за изнајмување на електрични велосипеди по пристапни цени.

Пријателката на Одри, Стефани Тоблер секој ден оди на работа со велосипед. Таа вели дека Вашингтон има добра велосипедска инфраструктура и сообраќајна култура.

Но, не сите го делат ова мислење. Марија Робе која неодамна се доселила во Вашингтон, вели дека Американците недоволно користат велосипеди за превоз зво споредба со Европа.

Мартин Николовски од Гласот на Америка на Македонски јазик.