ТЕРА

REKLAMA???

ТРАМП ГО НАПУШТИ ЗАТВОРОТ ВО АТЛАНТА

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп го напушти затворот во округот Фултон во Атланта. Тој таму се задржа 20 минути – беше фотографиран по обвинението за рекетирање и заговор поврзан со неговите наводни напори да ја поништи изборната загуба во 2020 година во Џорџија.

Трамп и за ова дело е слободен до почетокот на судскиот процес, и плати кауција од 200 000 долари. Неговиот адвокатски тим, претходно, ова го договори со обвинителката на округот Фултон, Фани Вилис.

Трамп четврти пат во пет месеци се соочува со ова.

Пред да се качи на својот авион на аеродромот во Атланта, тој во куса изјава за новинарите даде коментар.

„Тоа што се случи овде е пародија на правдата. Јас не направив ништо лошо, и сите го знаат тоа“, рече Трамп. „Тоа што тие го прават е мешање во изборите“, додаде тој.

Сепак, тој одби да одговори на новинарските прашања.