Воени офицери се појавија на националната телевизија во Габон и соопштија дека ја презеле власта во земјата.
Офицерите соопштија дека ги поништуваат резултатите од саботните избори на кои претседателот Али Бонго беше прогласен за победник, јавува Би-би-си.
Изборната комисија соопшти дека Бонго освоил нешто помалку од две третини од гласовите на изборите за кои опозицијата тврдеше дека биле фалсификувани.
Општите избори во африканската земја се одржаа во саботата и на нив победи актуелниот претседател на Габон, Али Бонго, но, групата армиски офицери на националната телевизија рекле дека резултатите се поништуваат, сите граници на земјата се затворени до понатамошно известување, а државните институции се распуштени.
Во главниот град на земјата – Либревил, како што пренесува репортерот на Ројтерс, можеле да се слушнат гласни звуци од истрели од огнено оружје.












