ТЕРА

REKLAMA???

НАД 2000 ЛУЃЕ ЗАГИНАА ВО ЗЕМЈОТРЕСОТ ВО МАРОКО

Бројот на загинати во земјотресот во Мароко се искачи на 2.012 лица, јави рано утринава мароканската државна телевизија, повикувајќи се на соопштение на Министерството за внатрешни работи. Бројот на повредени се искачи на 2.059, вклучувајќи 1.404 лица кои се во критична состојба, се додава во соопштението.

Земјотресот беше со јачина од 6,8 степени според Рихтер.

Билансот се очекува да се зголеми со оглед на тоа дека спасувачките тимови вчера имаа тешкотии да се пробијат по патиштата врз кои имал одрони и паднати дрвја, а со цел да стигнат во тешко достапните планински региони, кои беа најмногу погодени од земјотресот.

Портпаролот на Детскиот фонд при ОН (УНИЦЕФ) Џо Инглиш изјави за Си-Ен-Ен дека се уште постои надеж дека ќе се најдат преживеани.

„Првите 72 часа во однос на потрагата и спасувањето се апсолутно критични… Тие го нарекуваат „златен период“ затоа што ако сакате да одите под урнатините, ова е моментот кога тоа треба да се направи и понекогаш гледаме чуда, рече тој.

Освен во Маракеш, земјотресот бил почувствуван и во главниот град Рабат, Казабланка, Агаир и Есауира, предизвикувајќи паника кај населението. Голем дел од луѓето од погодените области ноќта ја минаа на отворено, стравувајќи од нов земјотрес.

Во меѓувреме, владите во светот изразија солидарност и понудија помош.