ТЕРА

REKLAMA???

ТРИФУНОВ: СДСМ НЕМА ДА ОДИ НА „СЕДЕНКАТА“ КАЈ КОЊАНОВСКИ

СДСМ нема да присуствува на денешната координација кај градоначалникот Тони Коњановски. Нема повеќе да даваме легитимитет на градоначалник кој ја опљачка општинската каса, кој лаже и манипулира секојдневно, а кој упорно во јавноста се прикажува како жртва, рече на денешнатра прес конференција Ивона Трифунов од СДСМ.
„За сите прашања од интерес на Битола и битолчани надлежен да одлучува е Советот на Општина Битола, а извршител на одлуките е градоначалникот и општинската администрација. Две години Коњановски никако да “излезе од филмот” дека е и градоначалник и Совет во Битола.
Координативните средби што ги закажува во неговиот кабинет, без наведена агенда, се претворија во притисок врз советниците и евтин ПР во кој Коњановски сака да прикаже транспарентност и инклузија. На крај, пак ќе си ја истера својата и партиската агенда, за сѐ што не чини во градот ќе ги обвини советниците и продолжува со уште поголема жестина да ги напаѓа и деградира. Затоа, тука ставаме точка.
Изминатите две години СДСМ со своето делување во Советот покажа и докажа дека е конструктивна опозиција. Даде поддршка за речиси сите предлози на градоначалникот, гласаше ЗА буџети, за програми за култура, за спорт, за социјала…даде поддршка за сѐ што е во интерес на Битола и битолчани. Но, наместо напредок и развој на градот, Битола оди наназад. Парите на граѓаните се трошат без контрола. За две години Коњановски и ДПМНЕ потрошија над 60 милиони евра, а ниту еден капитален проект не започнаа, врие од кучиња бездомници, градот никогаш не бил повалкан. Нема нови инвестиции, нема ново училиште и спортска сала. Нема ништо од ветувањата на Коњановски. СДСМ нема да биде соучесник во ова пустење на Битола.
Состаноци во кабинетот на Коњановски во моментов се непотребно губење време. Битола има многу сериозни проблеми кои бараат итни решенија и за кои надлежен да ги решава е градоначалникот. Нашето денешно отсуство од “седенката” нека биде уште еден придoнес за Коњановски конечно да излезе на терен и да се увери во каква црна дупка ја претвори Битола“ реча таа.