Украинската противвоздушна одбрана ноќеска уништила повеќе од 30 беспилотни летала во новиот руски напад врз регионите Одеса и Миколаев, на југот на земјата, соопштија официјални лица, пренесе Бета.
„Изминатата ноќ беа ланизрани повеќе групи дронови во масовниот напад врз двата региона“ изјави портпаролката на јужната команда на украинската армија.
Руските сили редовно го гаѓаат региони од јужна Украина, крај Црното Море, каде што се наоѓа значајна пристанишна инфраструктура за поморска трговија.
Германскиот канцелар Олаф Шолц ја блокираше испораката на ракетите со долг дострел Таурус за Украина, бидејќи стравува дека тоа ќе доведе до конфликт со Русија, објави „Волстрит Џурнал“ (Wall Street Journal), повикувајќи се на свои извори.
Другите членови на германската владејачка коалиција одобрија испраќање ракети Таурус во Украина. Германската пратеничка Мари-Агнес Штрак-Цимерман на 4 септември напиша на Твитер дека самиот Шолц ја блокира оваа одлука во рамките на коалицијата.












