ТЕРА

REKLAMA???

ВО ЗНАК НА ПОДДРШКА ГРАДСКИОТ ЧАСОВНИК СВЕТНА ВО ЗЕЛЕНА БОЈА

Сабота од 18:00 часот, во спортската сала „Боро Чурлевски“, ракометна Битола ќе биде домаќин на големото дерби со најголемиот ривал Вардар 1961.

Во знак на силна поддршка на битолскиот ракометен клуб Еурофарм Пелистер и дополнителен мотив за најдобрата навивачка група во државата „Чкембари“, градскиот часовник, светна во зелена боја, велат од Општина Битола.

„На овој начин, локалната самоуправа, заедно со спортистите, вљубениците во спортот и навивачите, со гордост продолжува да делува кон поддршка на големите успеси и развој на спортска Битола“ стои во информацијата од општината.