Битолски Топ Гол и ЖФК Каменица Саса се првите полуфиналисти на женскиот фудбалски Куп на Македонија
Вчера на фудбалското игралиште „Павел Шатев“ во Битола, екипата на Топ Гол ја совлада Речица по изведување на пенали со резултат од 3-1, а претходно конечниот резултат од натпреварот заврши нерешено 3-3.
Стрелци на головите за битолчанки во регуларниот дел од натпреварот беа: Илиевска, Стојчевски и Милевска. Во ударите од единаесет метри за домаќинот успешно стрелаа Стојчевска, Димитровска и Бумбаровска.
Фааворитот ЖФК Каменица Саса ја оправда улогата на фаворит и го победи тимот на Истатов со 2-0.












