ТЕРА

REKLAMA???

ПРОГЛАСЕНИ НАЈДОБРИТЕ НА УКЛО ОПЕН КОЛОРС 2024

Заврши вториот тениски турнир УКЛО ОПЕН КОЛОРС. Веќе се познати победниците во категоријата студенти и академско-административната група. Заедничка е желбата турнирот да прерасне во традиција, но и да има меѓународен карактер.

 

Рекреативно-забавниот тениски турнир кој се реализираше овие два дена во организација на Универзитетот св.„Климент Охридски“ ги даде победниците кои на своите витрини сега ќе имаат по еден пехар. Доделени им беа на сите кои се пласирале од 1 до 3 место.

Професорот Зоран Јошевски од Технички факултет е победник во категоријата професори и вработени на Универзитетот.

Докторантот на Технички факултет Драган Спирковски го освои второто место, вели учествува првпат но имал тешки противници.

Вториот ден натпревари го дадоа и победникот кај студентите.  Христијан Павловски, студент од прва година на ФИКТ го освои првото место.

Игор Пејчинoвски, еден од новите дипломци на Економскиот факултет во Прилеп имал силна конкуренција, но се забавувал. Освои второ место.

Оваа година на УКЛО ОПЕН КОЛОРС учествуваше една жена, професорката Викторија Стојковски од факултетот за Биотехнички науки.  Таа се справи со многу машки тениски противници и го освои третото место.

Пехарите  на сите учесници им ги врачи ректорот на Универзитетот Игор Неделковски, кој повторно го изрази своето задоволство што идејата за организација на спортско-рекреативни активности настрана од официјалната универзитетска лига на спортови е општо прифатена. Турнирот се реализира и во рамките на програмите на европската алијанса на универзитети КОЛОРС, па оттука се очекува овој рекреативно забавен турнир да го добие и својот меѓународен карактер.