ТЕРА

REKLAMA???

АКРЕДИТИРАНА ЛАБОРАТОРИЈАТА ЗА ЖИВОТНА СРЕДИНА НА ТЕХНИЧКИ ФАКУЛТЕТ

Лабораторијата за животна и работна средина на Техничкиот факултет доби акредитација за работа по стандардот ISO 17025. Ова подразбира олеснување за сите кои во работата имаат потреба од исполнување на различни регулаторни барања, за студентите учење во реалниот сектор, за универзитетот мала заработка, а за корисниците економска добивка.

Животна средина, енергија, бучава и вибрации, загаден воздух. Колку пати сте помислиле дека е потребно да имате релевантни, точни податоци за животната или работната средина во којашто се минува животот и животот минува.

Во својата општествено корисна мисија во заедницата Универзитетот со седиште во Битола доби уште едно скалило со кое се унапредува квалитетот на живот и работа во градот, на што и граѓаните и бизнисот може да се потпираат  – Лабораторијата за животна и работна средина ја доби акредитацијата на стандардот  ИСО 17025/2018.

Проф.д-р  Вангелче Митревски, професор на Техничкиот факултет вели „со самата акредитација  стопанството во регионот, пред се во Битола добива еден голем бенефит затоа што унивезитетот Св. „Климент Охридски“ односно Технички факултет е прва и единствена високообразовна институција која има акредитирано ваква лабораторија од овој тип во државата. Досега приватни правни субјекти доаѓаа од други градови и повеќекратно ги наплаќаа своите услуги за разлика од цената на услугата којашто ние им ја овозможуваме наовие стопански субјекти е 3-4 пати сега поефтино споредбено од тие приватните субјекти.“

Лабораторијата функционира во Техничкиот факултет, нејзиното основање е направено со формирањето на студиската програма по Инженерство за заштита на животна средина од каде се едуцираат инженери кои се вработуваат   во стопанството но и во инспекторатите или специјалните организации за животна средина.  Звучи едноставно – лабораторијата е акредитирана. Но процесот започнал од 2021 година.

Проф.д-р Владимир Мијаковски, раководител на проектот за акредитираење на лабораторијата објаснува дека проектот е дел од „Линија 1“ доделен од МОН во 2021 година и „се однесуваше на подготовка односно целокупна подготовка на документација за добивање на акредитација. Министерството додели износ опд 500,000 денари, го искористивме во целост и, како резултат на тоа е акредитираната лабораторија. Секако дека и факултетот учествуваше со финансиски средства и со човечки ресурси.“

 

ISO/IEC 17025:2005 со сите свои дополнувања до 17025/ 2018 ги специфицира општите барања за компетентност за извршување на тестови и/или калибрации, вклучително и земање примероци. Опфаќа тестирање и калибрација извршени со користење на стандардни методи, нестандардни методи и лабораториски развиени методи.

„Акредитирана е за мерни големини  кои се мерат во работна средина во затвпрен простор и во животна средина, надвор, во околината. Ние имаме акредитација за седум мерни големини: температура, релативна влажност на воздухот, осветлување, брзина на струење на воздух, тие се големини кои се акредитирани за работен проистор за внатрешност. Акредитирани сме за мерења на штетни материи од стационарни извори, се мисли на оџаци од котли со топлински капацитет до 1 Мегават, тука сме акредитирани за ниво на јаглероден моноксид и кислород и исто така имаме акредитација за мерење на бучава ив во работна средина и во животна средина затоа што два различни  стандарди важат за двете средини.“ – информира проф. д-р Владимир Мијаковски.

Постоењето на лабораторијата го оправдува и економскиот момент за потенцијалните корисници кои досега во градот и регионот беа принудени да користат приватни лаборатории.

„Еден од условите кога се добиваше овој грант од МОН беше лабораторијата да биде самоодржлива, што значи услугите се наплаќаат; постои дефиниран ценовник. Тоа е еден од условите којшто вие мора да го дадете како документи при аплицирањето за акредитација на лабораторијата, така што ценовникот е изготвен, важечки, достапен е до стопанските субјекти  и како што кажав претходно, неколкукратно е понизок во споредба со претходните услуги, па тие ќе имаат економски бенефит и соработката ќе продолжи.  Ние можеме со добивањето на акредитацијата сега да се јавуваме и на јавни набавки, да вршиме на приме мониторинг во ЕСМ-РЕК Битола. Претходно бевме ограничени, се бараше дас воведе овој стандард, да се поседува ISO 17025/2018.

Акредитацијата може да биде од корист за многу видови организации, придобивките  се движат од едноставно исполнување на регулаторните барања, до подобрување на квалитетот на производите, услугите и резултатите од тестовите, но и реализација на курсеви и обуки од областа на заштитата на животната средина и обуки за безбедност и здравје при работа. Лабораторијата за заштита на животната и работната средина e директно поврзана со научните области на делување на Техничкиoт факултет во Битола кој има долга традиција во мониторингот на квалитет на животната и работната средина евидентно од големиот број на реализирани трудови, научно-истражувачки проекти, апликации и обуки од страна на наставниот кадар.