ТЕРА

REKLAMA???

ПРОДОЛЖУВА СЕДНИЦАТА ЗА ИЗБОР НА НОВАТА ВЛАДА

Седницата на Собранието за избор на новата влада продолжува денеска, а гласањето ќе следи по завршување на претресот, односно најдоцна во 24:00 часот.

Околу педесетина пратеници се пријавени за обраќање на собраниската гворница.

Владата ќе биде избрана ако за неа гласаат мнозинството од вкупниот број пратеници, односно 61 пратеник.

Парламетарното мнозинство кое се очекува да ја поддржи новата влада во законодавниот дом брои 78 пратеници, 58 од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, 14 од Вреди и шест од ЗНАМ.