Утрово се одржа вонредната седница на Советот на Општина Битола на која на дневниот ред имаше само една точка, а тоа е заклучок за усвојување на извештајот од Комисијата за проценка на штети од елементарни непогоди кои се случија на 5 и 6 јули ланската година.
Присутни беа само 22 членови на Советот од вкупно 31 колку што ги има.
За оправданоста на причините за свикувањето на оваа седница, едногласи беа присустните советници. Го усвоија дневниот ред, на отворената расправата никој од советниците не побара збор, па се премина на гласање.
Извештајот доби зелено светло од Советот на Општина Битола.
Денешната седница траеше околу 3 до 4 минути.












