ТЕРА

REKLAMA???

НОВА КОМПОЗИЦИЈА НА ДАВИД СТОЈЧЕВСКИ „ЉУБОВЕН ВЕЗ“

,,Љубовен вез” е новата композција на младиот и талентиран Давид Стојчевски од Битола. Тој има 17 години и оваа година започна со создавањето на солистичкиот албум во кој ќе има повеќе композиции од различни стилови. Со компонирање почнал од пред 2 години, кога заедно со неговиот брат Димитриј го компонирал “Разиграно оро”.

„Имам направено повеќе композиции кои што чекаат студиска снимка, се надевам до крајот на годината уште неколку ќе бидат објавени. Исто така се надевам за скоро време ќе бидат објавени и двете ора кои што ги снимивме со мојот стрико Стивен Стојчевски. ,,Љубовен вез” за мене е посебно драга композиција, името го дадов јас и испадна сосема случајно додека го слушав“, ни изјави Давид.