Oд 26 овој месец до 11 август во Париз, Франција ќе се одржуваат летните олимписки игри. Се очекуваат бројни посетители од сите земји на светот. Но Македонците немаат интерес иако Шариз е блиску. Ова лето ќе го минат во познатите одморалишта и ресорти на земјите од Егејот, Јонското и Црното море.

Дваесет дена го делат светот од една од најголемите и најпопуларни спортски манифестации – Летните олимписки игри кои годинава се одржуваат во Париз, Франција. Додека спортистите се подготвуваат, аналитичарите анализираат. Фајненшл тајмс вели „големите спортски и културни настани го поттикнаа бранувањето, главно растењето на цените на бројните услуги вклучувајќи хотелски соби и авионски билети“. Иако, Ер Франс најави губиток во овие три месеци оти и парижаните и граѓаните на светот одлучиле да си поседат дома, до почетокот на Олимпијадата. Како Битолчани кои олимписките игри ќе ги гледаат на телевизија.
„За жал за Олимписките игри масовно организирани аранжмани од нашата земја немаме. Можеби помали групи некои се организирале индивидуалци, но организиран масовен аранжман со организирани чартери, не постојат такви програми. Има понекогаш интерес од одредени индивидуалци кои се интересираат за сметување или авионски карти, и за нив правиме пакети но тоа се многу малку. “ – вели Никола Митревски од Туристичката агенција „Ариес“.

Тера: Сметате ли дека е премногу рано за овој разговор што го водиме?
Никола Митревски: „ Не не е рано, досега требаше да биде тоа организирано, да се веќе резервирани сместувањата, затоа то многу тешко се доаѓа до сметување, посебно сега во Париз, Многу се високи цените за оваа Олимпијада. Авионските карти и тој дел сеуште имаат некои нормални цени, но сместувачките капацитети и пансионските и вонпансионските услуги во Париз се многу високи. “
Во февруари цените за сместување во апартман за една ноќ за време на Олимпијадата изнесуваше 1.000 до 1.200 евра. Но, на три недели пред почетокот понудата ја надминува побарувачката – сите делегации, навивачи, спортисти веќе ги направиле своите аранжмани. Па сега, со понуда од 3000 нови станови за краткотрајно изнајмување месечно, цените паднале на околоу 450 евра по ноќ. Ние балканците од прошетки по Олимпијади може споредба да направиме со онаа од 2008 година во Атина.
За таа Олимпијада имаше доста организирани посетители , наши луѓе кои самоиницијативно се опрганизираа и отпатуваа таму, затоа што ни беше блиску и ни беше поприфатливо и за сместување и околинатаа на Атина затоа што има огромен број на сместувачки капацитети.
Во Париз иако се картите, влезниците да речиме евтини спрема тоа што е ценовна со останатите услуги кои се нудат, може да се купат во блок карти за 75 евра да се посетат три настани, што е некоја многу поволна цена, но останатите работи многу чинат.“
Агенцијата „Ариес“ е дел од Комората на туристички агенции па има сознанија за соседите. Засега нјголем број пакет туристичка понуа патување – сместување – „олимпување“ на игрите има во Србија.
„Тие имаат поголеми тимови, поголеми успеси во некои спортови и постои поголем интерес за посета на тие натпревари. Конркетно знам за Српскиот олимписки комитет има организирано чартери кои за посета на посетители имаат голем број на учесници во Олимпијадата, ние се натпреваруваме со еден скромен број на учесници кои не се со некои завидни резултати можеби но им посакуваме се најдобро. “ – вели сопственикот на агенцијата Ариес.
Заради проблеми со фалсификати, Францускиот олимписки комитет објави информација дека нема да има хартиени влезници и за секој од спортските настани заинтересираните треба да се регистрираат онлајн и да си купат влезници. Секој четврток од 10.00часот има и лотарија на влезници за различни спортови. Но, кој би се заморувал со толку сложен процес кога се ќе има на телевизија.

„Во врска со летните одмори, стандардно се посетуваат околните земји, Грција, Албанија, Турција, Тунис , Египет. Каква и да е цената, каква и да е времето Македонецот си сака да си оди на одмор. Ако неможе 10 ќе оди 7 , ако не 7 ќе оди 6 дена. Имавме малку проблем на почетокот на сезоната со пасошите но полека таа ситуација се стабилизира.
Или дома или на морињата околу балканскипт полуостров. Ова лето е посигурно да се искористи испробаната варијанта, отколку да се вброите во Французите кои мака мачат со проценките колку дождовите кои се очекуваат ќе ја направат Сена бактериолошки нечисто место.












