Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, синоќа во 22:52 часот, регистрираше земјотрес чиj епицентар припаѓа на епицентралното подрачје Охрид, со Рихтерова локална магнитуда од 3.2 степени.
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван од населението во градот Охрид и околината, со интензитет од IV степени според Европската макросеизмичка скала, како и во пограничните делови со територијата на Р. Албанија.
Претходно во 14:07 часот беше регистрираше земјотрес чиj епицентар припаѓа на епицентралното подрачје Охрид, со Рихтерова локална магнитуда 3.6 степени.
Земјотресот беше почувствуван од населението во градот Охрид и околината, со интензитет од IV-V степени според Европската макросеизмичка скала, a со интензитет од III-IV според Европската макросеизмичка скала истиот е почуствуван во повеќе места од Охридско-Струшкиот регион, како и во дел од пограничните подрачја со Р. Албанија.
Фото: EMSC












