ТЕРА

REKLAMA???

МИНИ ТУРНЕЈА НА НАЦИОНАЛНИОТ ЏЕЗ ОРКЕСТАР ВО ХРВАТСКА

Националниот џез оркестар продолжува со своите концертни настапи надвор од нашата земја, овој пат со три концерти во Хрватска заедно со Рамбо Амадеус.Оваа мини турнеја низ Хрватска започна на 25. јуни кога Оркестарот  настапи во Шибеник. По настапот во овој хрватски град, следуваше концертот во рамките на првото издание на фестивалот Island Vis Music Breeze, кој  се одржа од 28 до 30 јуни на полуостровот Прирово во Хрватска.

Третиот концерт  се одржа во Хрватскиот народен театар во Сплит, една од најреномираните културни институции во регионот. Антоније Пушиќ, познат во јавноста како Рамбо Амадеус, е познат по остри и сатирични текстови и виртуозност на гитарата. Неговата музика е мешавина од спротивности, колаж кој вклучува фанк, рок, хип-хоп, класичен, модерен џез, импровизирана музика, комедија скечеви и електронска музика. Рамбо пред се е мајстор за раскажување приказни, како музички така и лирски, што секогаш доаѓа до израз во неговите настапи во живо. Неговите концерти никогаш не се само повторување на снимени песни, туку мешавина од слободна импровизација и сатиричен хумор.

Публиката во Хрватска имаше можност да проследи дел од композициите на Рамбо Амадеус, изведени во аранжмани за биг бенд состав.  Аранжманите изработени од страна на членовите на биг бендот ги претвараат овие композиции во вистински ремек дела. Првиот концерт како Национален оркестар го имаа на почетокот на оваа година . За месеците кои следуваа, имаа внимателно избран репертоар што ги следи актуелните трендови во џез музиката, но и вклучуваше и изведби на џез класици од домашната, регионалната и светската џез сцена, како и гостувања на еминентни музички имиња.