ТЕРА

REKLAMA???

СЕ ОДРЖА ПРЕМИЕРА НА ХОРОР КОМЕДИЈАТА ЗА ДЕЦА „КУЌАТА НА ДУХОВИТЕ“

На сцената на Театарот за деца и младинци – Скопје премиерно беше изведена претставата „Куќата на духовите“, во режија на Деан Дамјановски. Станува збор за хорор-комедија наменета за деца од над 8-годишна возраст, чии автори се Деан Дамјановски и Горјан Милошевски.

Претставата изобилува со уникатни костими на костимографката  Елена Вангеловска и сценографија на Филип Коруновски. Музиката е на Горан Трифуновски-Пајак. Настапуваат: Ангела Димитрова, Петар Стојанов, Мики Анчевски, Винета Дамческа Мојаноска, Никола Наковски, Емра Куртишова Стојанова, Симона Спировска и Марија Ѓорѓијовска.

Две деца, едното плашливо, а другото тврдоглаво, го бараат нивниот исчезнат татко во „Куќата на духови“. Тие почнуваат голема, смешна но и многу опасна авантура во една навистина стара, мрачна и голема куќа преполна со тајни соби и ходници и секакви изненадувања. Единственото нешто кое го имаат како патоказ е стариот дневник на нивниот татко кој исчезнал истражувајќи ја чудната куќа.

Уметнички соработник за сценографија и костим: Кирил Василев ,стручни соработници и реализација на костими: Љубица Велкова и Ратка Џамбазовска Коцев. Шминка: Игор Петрески.