ТЕРА

REKLAMA???

ДАЛИ И КОЛКУ МЛАДИТЕ СЕ ГРИЖАТ ЗА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА?

Човек се учи од млад, ова е максимата која често ја слушаме и ни ја повторуваат. Се однесува на скоро сите области на живеење.

Во време кога целата планета се соочува со климатски промени кои променија многу нешта и се закана за иднината на планетата земја, што правиме ние младите, кои понекогаш за жал ги следиме и негатвните примери на повозрасните. Во овој прилог кои се пораките на возрасните за младината.

Ова е паркот кај градскиот часовник во Битола. Средено место за одмарање, особено сега во летниот период кога имаме големи горештини.

Има и корпи за отпадоци. Едни завршуваат во нив, а други покрај нив.

Го прашавме директор на ЈКП „Комуналец“ како младите во градот се однесуваат кон средината во која што живеат.

„Да шириме една еколошка свест, односно сите сме ние еден пример дали ќе ја шириме еколошката свест во позитивна или негативна насока. Морам да признам дека често се случува во вечерните часови, дел од младите лица да ја уништуваат урбаната опрема, односно корпите за отпадоци, да депонираат, да прават неред на јавните површини, меѓутоа ЈП„Комуналец“ уште во вечерните или утринските часови го средува тој неред, го собира тој отпад и ги санира штетите доколку се настанати“ вели директорот Горан Степановски.

Едно е домашното воспитување, а на него се надополнува и образованието.

Ја прашавме Јулијана Трајковска-професор по Природни науки и Биологија за тоа која е наставната програма која што учениците ја изучуват.

„Според наставната програма, како во пониските, така и во повисоките одделенија, учениците по предметот Природни Науки изучуваат теми од областа на Екологијата и целта е  уште од мали нозе кај учениците да се развие еколошката свест и грижата за животната средина, кои се придобивките од здрава животна средина“ вели таа.

Невладините организации се место каде исто така младите се едуцираат, преку еко средби, размена на ученици, запознавање со странски искуства.

„Заинтересираноста кај младите во Битола не е голема за темата Екологија, затоа што тие постојано мислат дека државата треба да придонеси кон тоа, а не тие. Тие не гледаат на тоа дека тие треба да бидат пример за тоа и секој треба да се грижи за околината, да не загадуваат, да не фрлаат отпад, итн. Тие почнуваат од тоа некој друг да им ги решава нивните проблеми затоа што младите размислуваат на начин дека правилно постапуваат кон природата и дека државата е таа што недоволно ги снабдува со места каде да  рециклираат, да делат отпад“ вели Милчо Дули од невладината Сфера Интернационал.

Често слушаме или ќе прочитаме дека идните војни ќе се водат за вода.  А ние сега ја имаме во доволни количини, иако не сите сме рационални.

Го прашавме директорот на ЈП„Водовод“ каков и каков треба да биде односот на младите кон водата.

„Генерално, не само на младите, туку и на повозрасните односот кон водата не е толку добар затоа што нема доволно познавања колку труд и финансии се вложени за да се стигне до питка вода во нашите домаќинства. Младите треба најпрво да започнаат од семејствата и од домашната култура, па потоа од воспитно образовниот процес.“ вели Андреј Гинов, директор на битолски „Водовод“.

И Гинов упатува на тоа дека за младите важна е едукацијата од најмали нозе.

Во рамките на предметот Природни Науки во основното образование се изучуваат теми од екологијата, како што се грижа за животната средина, потоа негативното влијание на човекот врз животната средина.

„Во грижа на животната средина акцентот е на позитивнато влијание на човекот врз животната средина, а кај последиците од загадувањето на животната средина е нагласено негативното влијание на човекот врз самата животна средина. Тука се изучува за како настанува ефектот на стаклена градина, како се формираат киселите дождови, што се озонски дупки, итн“, вели професорката Трајковска, од ОУ „Стив Наумов“ во Битола.

Невладината Сфера Интернационал за од на есен планира едукација на средношколците, како промоција на тој нивни еко клуб, со цел поттикнување на младите да се вклучат.

„Да се вклучат на еколошки акции, да се вклучат во еколошки предавања, да научат нешто ново, да видат дека можат да придонесат и тие со фрлање на еден отпадок во корпа, наместо истиот да заврши на друго место каде што не припаѓа. Тоа е многу битно, затоа што секој од нас секојдненвно произведува многу отпад и не се грижиме за тоа.“ вели Дули од невладината Сфера Интернационал.

Колку и дали младите селектираат отпад, првиот човек на битолски Комуналец вели свеста кај младите во овој дел е на повисоко ниво.

„Свеста е на повисоко ниво за разлика од повозрасните. Во денешно време на социјалните медиуми на секаде можеме да научиме за процесот на селекција, меѓутоа исто на нашата Web страна, преку други едукативни настани. Цело време промовираме што повеќе се селектира, што помалку се прави отпадна депонија со тоа ја заштитуваме животната средина и ја шириме еколошката свест.“ вели Степановски.

Во делот на придонесот за едукација се и посетите кои се прават на ЈП„Водовод“  кое обезбедува вода за градот и околината.

„ЈКП„Водовод“ било домаќин на деца од предшколска возраст, но и од основните училишта. Стално биле топло пречекани во филтерницата или фабриката за вода каде што се прочистува водата која сите ние домаќинства ја конзумираме и пиеме“, објаснува Гинов.

Теоријата надополнета со пракса ги прави учениците поактивни во совладувањето на материјата.

Ова е нивниот кабинет каде истражуваат, а учениците и на терен се дел од еколошки акции.

„Нашето училиште во текот на една школска година организира повеќе еколошки акции, како што се еколошките акции по повод „Денот на Планетата Земја“, „Денот на Пролетта“. Тука имаме доста активности во однос на Екологијата, а понатаму и во текот на целата година имаме и поголеми еколошки проекти, односно акции“ истакнува професорката Трајковска.

Исто така во текот на годината учествуваат во еколошки акции за собирање и рециклирање на пластичен отпад, како и акцијата „Генералка Викенд“  каде што покрај комуналниот отпад, кој што се собираше околу училишната зграда се собираше и стара хартија.

Секој од нас е одговорен за своите постапки. Ние и тие кажавме она што е важно и битно, на потег сте сега вие.