Кризната состојба со пожарите на отворено кои зафатија делови од државата беше разгледана на седница на Управувачкиот комитет за координација и управување со системот за управување со кризи што утрово се одржа во Центарот за управување со кризи.

Управувачкиот комитет за управување кризи претпладнево на состанок донел одлука да и препорача на Владата итно да донесе одлука за реорганизација на целокупниот систем за соодветно да се справи со секоја криза која би настанала во земјава.
„Факт е дека и Центарот за управување со кризи и сите останати институции делуваат во рамки на оние капацитетите што сме ги наследиле, но факт е дека тоа е несоодветно и особено ненавремено согласно потребите. Ресурсите се тие, луѓето се тие, можностите се тие, но факт е дека наследивме систем кој е руиниран и кој што ако сакаме да биде онака како што треба да биде мораме супштински да го реформираме, за до година да не не снајде она што не снајде годинава изјави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

Втората одлука рече Тошковски е на навремено и соодветено реагираше на ЈП „Национални пуми“, и тоа во насока на обезбњедува 15 тони гориво од страна на резервите кои ги има државата кои можат да помогнат.

Утрово се активни седум пожари, ангажирани се сите ресурси и засега нема потреба од странска помош.
„Успешно се справуваме со актуелните пожари, за денеска се најавуваат и врнежи кои, ако паднат, ќе ја стабилизраат состојбата, но ние активно гаснеме во текот на денот, не чекаме да заврне, па ако пожарите почнат повторно да диеват, а ресурсите не се доволни, има начин како многу брзо да пристигне помош од странство, рече директорот на Центарот за управување со кризи“, Стојанче Ангелов.
Со седницата раководеше министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, а присуствуваа членовите на Комитетот Владо Мисајловски – министер за одбрана и Арбен Таравари – министер за здравство, како и раководителот на Групата за процена на ризици и опасности – Стојанче Ангелов. На седницата присуствуваа и Цветан Трипуновски, министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, и Здравко Трајанов, директор на ЈП „Национални шуми“.












