На собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска трет ден по ред треба да продолжи општата расправа за Ребалансот на буџетот.
На вториот ден од општатат расправа, пратениците дискутираа околу намалувањето на буџетот на судовите и јавните обвинителства.
Според пратениците на опозицијата, институциите од судската власта треба да имаат поголеми буџети, додека, пак, според владините пратеници овој буџет им е премногу со доверба од само 2 проценти кај граѓаните.
МИА












