Со вчерашната одлука на Регулаторната комисија за енергетика, малопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање на цените, се намалија во просек за 0,91%.
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, се намалија за 0,50 ден/лит. и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 81,00 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 83,00 ден/лит.
Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ1), се намалија за 1,00 ден/лит. и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 73,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесува 71,50 ден/лит.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се намали за 0,275 ден/кг. и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 44,381 ден/кг.
– Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 95 – 81,00 (денари/литар)
– Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 98 – 83,00 (денари/литар)
– Дизел гориво – ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 73,00 (денари/литар)
– Масло за горење – Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) – 71,50 (денари/литар)
– Мазут М-1 НС – 44,381 (денари/килограм)












