Директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов информира дека во текот на вчерашниот ден во Македонија имало вкупно 66 пожари на отворен простор, меѓу кои и шумски пожари.

Од нив 51 се целосно изграснати, под контрола се 3 пожари, а утрово активни се 12 пожари.
Тој кажа дека во овие 66 пожари имало и запалени депонии и дека таа опасноста не треба да се потценува, како што беше случајот кај Дојран.
Вели дека на ниво на држава состојбата е тешка, но не е алармантна.

Апелира до граѓаните да не излегуават со непотребни апели за собирање на луѓе, оти како држава имаме доволно припадници на Армијата и на полицијата и ако некаде тоа го побараат локалните авторитети, градоначалниците со командирите на противпожарници единици, ќе биде испратена помош колку што ќе биде побарано, вели Ангелов.

Објаснува дека граѓаните можат да бидат корисни во одбрана на населните места кога огнот загрозува некое село, како и во случајот синоќа кај Пехчево.

Утрово на седницата на Управувачкиот комитет било одлучено да предложат до Владата да се ангажира НАТО механизмот за помош, кој во суштина ги нуди истите работи како механизмот на Европската унија, но преку него, како што вели Ангелов може да се бара помош во пешадија, односно искусни пожарникари.












