Се уште се работи на дефектот кој од синоќа ја остави Битола без вода. Се работи за голем дефект каде екипите се уште работат, тие од „Водовод“ и од јавното претпријатие „Стрежево“.
Се работи за потисниот цевковод на пумпната станица „Довлеџик“ кој е важен за пумпање на вода од стрежевската акумулација во водоводниот систем во општината, вели за Тера телевизија, директорот на „Водовод“, Андреј Гинов.
За еден час се очекува интеренцијата на дефектот да заврши, а потоа во наредните час до два да почне да се полни системот со вода, а со тоа и да се нормализира водоснабдувањето во Битола.
За причините и за тоа како тече санација повеќе гледајте во Актуел на Тера во 16:55 и 20:55 часот.












