Општина Битола издава урбана опрема – типизирани куќарки за комерцијално користење со намена продажба на храна, пијалаци и други производи кај Офицерски дом во Битола и на плоштад Магнолија, за периодот од 20.12.2024 до 06.01.2025 година.
Понудите да се достават најдоцна до 04.12.2024 година во 12:00 часот, лично во Архивата на Општина Битола.
Подетални информации можат да се добијат на телефонскиот број 047-208-312.
Јавниот повик и потребната документација, достапни се на следниот линк:












