ТЕРА

REKLAMA???

„ПЕЛИСТЕР ЕУРОФАРМ“ СЛАВИ ПОБЕДА НАД „ВАРДАР“

Во вечерното дерби одиграно во Спортската сала „Боро Чурлевски“ во Битола, екипата на „Пелистер Еурофарм“ го совлада „Вардар“ со 2 гола разлика, со конечен резултат 35:33. Со оваа победа, „Пелистер Еурофарм“ го дели второто место на табелата на националната супер лига со „Вардар 1961“.

На полувреме, резултатот беше 22:13 во корист на Пелистер, но во второто полувреме, и покрај падот во играта, битолскиот тим успеа да ја одржи предноста и да ја задржи победата.

Публиката и верните навивачи „Чкембари“ беа клучна поддршка за екипата, непрекинато бодрејќи ги играчите до последниот свиреж.