Со доаѓањето на студеното време, ништо не е подобро од шолја топло какао, удобно ќебе и добар филм кој ќе ви го загрее срцето. Ви издвојуваме неколку најдобри филмови како предлози за овие зимски денови.
,,The Holiday”, за прв пат емитуван во 2016 година, е романтична комедија со Кејт Винслет и Камерон Дијаз која го следи животот на две жени кои решаваат да ги разменат своите домови за празниците. Филмот е полн со топлина, хумор и ја достигнува магијата на новогодишните празници.
,,Little Women”, од 2019 година е филм каде режисерката Грета Гервиг создава прекрасно дело со приказната за сестрите Марч. Топла семејна драма носи инспирација, љубов и желба за нови почетоци. Совршен избор за оние што се соживуваат со длабоките емоции.
,,The Grand Budapest Hotel” на Вес Андерсон, од 2014 година ќе ве одведе во шарен и необичен свет. Блескавата визуелизација и хуморот ќе ве забавуваат дури и во најстудените денови.
Познатиот филм, ,,Home Alone”, од 1990 година е оној без кој зимските празници не можат да поминат без најсмешната празнична авантура на Кевин Мекалистер. Филмот нуди смеа и носталгија кои нема да ве остават рамнодушни.
Серијалот ,,Harry Potter” е класика на сите времиња која ги спојува семејствата. Секогаш интересен, невообичаен и уникатен, па затоа нема подобро време од зимата за да нурнете во магичниот свет на Хари Потер.
Без разлика дали деновите сакате да ги поминете надвор и да уживате во светлата атмосфера пристуна насекаде или сте зафатени со организации околу големите празници кои со нетрпение ги очекувате, сигурно сакате време за себе и најблиските во кое едноставно ќе се опуштите и оддалечите од реалноста, па затоа овие филмови нудат содржини кои не само што ќе ви го стоплат срцето, туку и ќе ја разбудат вашата имагинацијата.












