ТЕРА

REKLAMA???

Повторно змија вознемири жители покрај Драгор

Дали високата и неуредна вегетација, отпадот или недоволното одржување создаваат услови за појава на змии и други животни во урбаниот простор? Прашањето го отвора граѓанин од Битола, кој до нашата редакција испрати фотографии од својата населба, во непосредна близина на реката Драгор.

Високата и неуредна вегетација, отпадот и недоволното одржување на коритото и кејот на реката Драгор и на улиците во градот се причина зошто семејството на нашиот сограѓанин цело лето живее со страв дека од некој дел од нивниот двор ќе излезе змија. А сега тој страв се пренесува и при секој влез во нивните автомобили.

До нашата редакција испратија  фотографии на кои  се гледа запуштен простор покрај улицата, со висока и густа самоникната вегетација, трње и треви кои се шират кон коловозот. Во непосредна близина има стари и дотраени објекти, оштетени фасади и графити, додека самата улица остава впечаток на недоволно одржувана површина.

Но, фотографијата која најмногу го привлекува вниманието е направена покрај паркиран автомобил. На асфалтот се гледа змија, која се движи непосредно покрај возилото. Како што раскажуваат, змијата излегла од моторот на еден од автомобилите и се упатила кон своето безбедно место – густата вегетација блиску до трансформаторот.

Ваквата состојба кај жителите создава чувство на несигурност и страв, затоа што веруваат, несреденаа вегетација може да стане дом на други штетни животинки, глодари а со заладувањето на времето, ќе почнат да се наоѓаат и во нивните домови.