Судскиот совет денеска за нови судии во Апелациониот суд Битола ги избра судиите Билјана Белевска Пројковска за судија во кривичната област, и Ристо Сотиров, Дејан Крстанов и Александар Илиевски за судии за граѓанска област.
Претседателот на Судскиот совет Александар Камбовски истакна дека на објавениот оглас за избор на еден судија за кривична област и тројца судии од граѓанската област формирана е Комисија за рангирање чиј претседател е Антоанета Димовска.
Со 13 гласа „за“ за судија во Апелациониот суд Битола во кривичната област, избрана е прворангираната Биљана Белевска Пројковска со речиси 20-годишен стаж, од кои 14 години работела на предмети од кривичната област во Охридскиот Основен суд.
За изборот на тројца судии во Апелациониот суд Битола за граѓанска област, претседателот на Комисијата за рангирање судиката Антоанета Димовска информира дека биле пријавени пет кандидати.
При гласањето на Судскиот совет со 13 гласа „за“ беа избрани судиите Сотиров како прворангиран, Крстанов како второрангиран и со 11 гласа „за“ судијата Илиевски кој беше четврти на листата.
МИА












