Во интервју за Радио Слободна Европа, претседателот на Собранието Африм Гаши беше прашан дали смета дека заедно со локалните треба да се одржат и вонредни парламентарни избори?

„Еве сме во Собрание и се трудам да бидам поапстрахиран од дневната политика и политичките партии. Мислам дека нема потреба од никаква паника, мнозинството е стабилно, мислам дека треба да се продолжи понатаму да се работи без разлика дали некој ќе влезе, ќе излезе.
Мислам, нема да има голема промена во бројот на пратениците. Мнозинството е многу стабилно, веќе околу две третини имаме. Од друга страна, локални избори се наближуваат, но мислам дека не треба да не фаќа така секогаш изборна треска и адреналин дека мора да правиме избори за се. Мора да ги сфатиме локалните избори по природата, какви се и тие во суштина. Се разговара за канализација, за водовод, за почисти патишта, осветлување и мислам дека не треба високата политика да ја вметнеме во делот на локалните избори, во изборите кои следуваат, овие редовни. Така да не би ги ставил во иста паралела, ова што е парламентарно мнозинство,мислам дека треба да продолжи до крајот на мандатот, да дадеме политичка стабилност на граѓаните, дека Собранието, владата, си течат со работа. Локални избори е друга тема“ вели Гаши.
Тој изминатата недела на брифинг со новинарите сооопшти дека локалните избори ќе бидат распишани на крајот на јули или почетокот на август.












