Од РЕК Битола попладнево соопштија дека денеска во 18:18 часот Блокот 2 е синхронизиран на електроенергетската мрежа.
„По неколкудневните напори за санација на ормарот за електро управување на Блок 2 кој беше опожарен на 18.06.25 денеска по пуштачките операции Блок 2 е синхронизиран на електродистрибутивна мрежа во 18:18 часот“ велат од РЕК Битола.
Изминатите неколку дена ниту еден од блоковите во комбинатото не работеа, а пред два дена беше соопштено дека на 21 јуни од утринските часови РЕК Осломеј повторно испорачува електрична енергија кон електроенергетскиот систем на државата.
Фото: Архива












