ТЕРА

REKLAMA???

БИТОЛСКИОТ УНИВЕРЗИТЕТ ПОВТОРНО РАНГИРАН НА „THE IMPACT RANKINGS 2025“

Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола повторно е рангиран на ранг-листа на Times Higher Education (THE) Impact Rankings 2025. Минатата година УКЛО беше првиот македонски универзитет рангиран на оваа престижна ранг листа и како што велат сега, се радуваат што оваа година се придружија уште два македонски универзитети.

Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола беше евалуиран во пет од вкупно седумнаесетте Цели за одржлив развој (SDGs), при што постигна особено значајно глобално признание во три клучни цели:

Цел 8: Достоинствена работа и економски раст

Рангиран меѓу 601–800 од 1350 институции во светот

Цел 16: Мир, правда и силни институции

Рангиран меѓу 401–600 од 1265 институции во светот

Цел 17: Партнерство за целите

Рангиран меѓу 1001–1500 од 2389 институции во светот

Рангирањето за 2025 година е резултат на исклучително конкурентен и ригорозен процес на евалуација. Овие извонредни резултати го потврдуваат сè поголемото глобално влијание на УКЛО и неговата постојана посветеност на Целите за одржлив развој на Обединетите нации.

Особено значаен придонес има и Годишната меѓународна научна конференција на УКЛО на тема „Мултидисциплинарен пристап кон целите за одржлив развој”, која дополнително ја зацврстува улогата на УКЛО како институција ориентирана кон заедницата и посветена на реалната имплементација на Целите за одржлив развој (SDGs).

Овој успех е резултат на заеднички ангажман – од активната вклученост на академскиот кадар и универзитетските единици, ентузијазмот на нашите студенти, преку посветеноста на административниот кадар, па сѐ до стратешкото раководење на тимот на Ректорот, велат од битолскиот универзитет.