Полуматурантите кои на првото пријавување во јуни не се запишаа во средно образование за учебната 2025/2026, денеска имаат втора можност за упис, на второто електронско пријавување овој месец.
Потребната документација до училиштата ќе се доставува утре, а ранг-листата на запишани ученици ќе биде објавена в среда (2 јули) до 12 часот.
По првото пријавување, за денешното второ пријавување слободни места има во пет од шесте средни општински училишта во Битола, освен во гимназијата „Јосип Броз Тито“, каде на првото пријавување се пополни квотата.
1. Јован Калаузи – вкупно 236, запишани по првото пријавување 164
2.Таки Даскало – вкупно 374, запишани по првото пријавување 144
3. Кузман Шапкарев – вкупно 34, запишани по првото пријавување 9
4. Јане Сандански – вкупно 170, запишани по првото пријавување 127
5. Јосип Броз Тито – вкупно 180, запишани по првото пријавување 180
6. Ѓорѓи Наумов – вкупно 275, запишани по првото пријавување 133












