Каде „Едмонд“ си ја најде својата слобода? Интервју со главниот лик кој го игра актерот Огнен Дранговски во најновата премиера која изминатиот виденд беше на сцената на Народниот театар Битола.
Едмонд го следи вртоглавото / спирално патување на бизнисменот Едмонд Бурк и неговите кошмарни 48 часа во њујоршкото подземје, каде што барајќи возбуда и среќа, од баналноста на неговата канцеларија и монотон семеен живот завршува како убиец и подоцна како затвореник, најверојатно осуден на доживотен затвор…













