Вторник е пазарен ден во Битола. Според историчарите од 18 век. Ден потоа, градскиот пазар е отворен, има продавачи, има и купувачи, не колку во пазарен ден. Логиката вели пазарот е чист од вторничната гужва на летна расиплива храна, пазарџии – продавачи и купувачи оттука од Битола, околните села и од било кој град во државата.
Забележавме – смет околу шахти, лето е нема поплави. Забележавме многу пикавци – ние сме пушачка нација, за малку паѓаме на европските стандарди – асфалт има секаде, ама ете пред продавницата кадешто се продава храна – нема, па има прашина.
Голема е маката кога ќе падне лубеницата и за жал треба да се исчисти од јавниот пат. Но, нигде ни чистач ниту метла.
Контејнерите – 6 од јужбата страна за околу 300 штандови. До 2024 година ги миел Валентин – компензирал, станувал во 5, ги чистел и во 18.00 часот кога градскиот пазар зартворал. Сега, мора да плаќа за сите услуги што му ги нуди пазарот, нема компензацвија, нема чисто. Контејнерите се празни со план – метларите го носат сметот од пазарот, а кутиите кои се пред просторот се рециклирање.
Граѓаните реагираа на чистотата на битолските пазари, па ние одговоривме на нивното барање. Со горниот или новиот и со градскиот или стариот пазар стопанисува јавното комунално претпријатие „Пазари“. Во потрага по објективната информација, денеска се упативме кон дирекцијата. Еднаш во 12.45 , еднаш во 13.00часот. Затворената врата логички води ди заклучокот дека никој нема во дирекцијата – ниту еден претставник на општинската, јавната администрација чие работно време во државата е од 7.00 до 15.00 часот. Оттука, за официјалните информации за работа на пазарите , почитувани, ќе ве информираме во моментот на квалитетен контакт.
Хигиената е половина здравје, а методи за да се стигне до состојба „чисто“ мора да практикуваат сите.
И јавниот тоалет за малку е европски. Видлив е трудот, но, според зборовите на продавачите кои овде имаат изнајмена тезга, простор за камион и преспиваат овде , тоалетот е затворен од 18.00часот. Логички, кога пазарот не работи. Логички е и штетата што камионите ја предизвикуваат на соседите – куќите до пазарот. Тоа досега се нема случено, вели една од сопственичките на таква куќа.
Лето е време кога многу наши земјаци има во својата татковина. А живеат на другите континенти, ама и во Европа.
Замислете, до тезгите на пазарот има вода, канта за смет. Но, тоа не е европски, туку австралиски.












