Веднаш по полноќ до ситните утрински саати екипи на ЈП Комуналец и РЕК Битола со цистерни со вода и со помош на ТППЕ Битола го реализираа миењето на дел од улиците во градот.

Една цистерна ( РЕК Битола) оперираше во Нова Битола и Буковска населба, долж бул. 1 Мај, Васко Карангелевски.

Цистерната на ЈП Комуналец пак ги миеше улиците од северниот дел на градот почнувајќи од ул.Железничка па кон центарот.

Акциониот план договорен вчера на средбата на градоначалникот Тони Коњановски со сите директори на јавните претпријатија ги вклучи улиците Широк Сокак, Крушевска, Солунска, Прилепска… сите поголеми сообраќајници. Намерата на Општината е унапредување на хигиената во градот, имајќи ги предвид укажувањата на ЈП Паркинзи за зголемен талог од издувни гасови на сообраќајниците и потребите на ЈП Пазари; дополнителни мерки за подигнување на нивото на хигиената во Битола, особено во летниот период, кога потребата од вакви активности е зголемена, стои во информацијата од Општина Битола по најавата дека секоја вечер ќе се преземаат вакви активности.





За денеска е најавено миење на новиот, пазарот во Нова Битола, а во текот на летниот период и зголемени активности во двата градски пазари кон крајот на пазарните денови ( вторник и петок).












