ТЕРА

REKLAMA???

САД И ЕУ ПОСТИГНАЛЕ ТРГОВСКИ ДОГОВОР

Соединетите Американски Држави и Европската Унија постигнаа трговски договор, соопшти американскиот претседател Доналд Трамп.

Изјавата доаѓа по средбата на претседателот на САД со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во едно од неговите голф-одморалишта во Шкотска.

Трамп изјави дека договорот со ЕУ е „најголемиот договор што некогаш е направен” и дека ќе биде „одличен за автомобилите”.

– Постигнавме договор. Тоа е добар договор за сите, рече Трамп. – Тоа ќе нè зближи… тоа е партнерство во извесна смисла, додаде тој.

Шефицата на ЕУ, Урсула фон дер Лајен, исто така го поздрави како „огромен договор“, кој дојде по „тешки преговори“.

Таа потврди дека ќе има американски царини за стоки од Европа од 15 проценти за сите. Вашингтон претходно се закани со царинска стапка од 30 отсто.

Договорот, исто така, вклучува ветувања за инвестиции и купување енергија во вредност од милијарди долари од Брисел.

МИА