ТЕРА

REKLAMA???

ЗЕМЈОТРЕС ОД 8,7 СТЕПЕНИ НА КАМЧАТКА И ЦУНАМИ ВИСОКО ПЕТ МЕТРИ

Земјотрес со јачина од 8,7 степени го потресе рускиот полуостров Камчатка, а издадено е предупредување за цунами за целиот Курилски остров во Сахалинската област.

Според првичните податоци од Главната дирекција на руското Министерство за вонредни ситуации во Сахалинската област, земјотресот со јачина од 7,9 степени е регистриран во 10:30 часот по локално време во Тихиот Океан, 360,9 км североисточно од Северо-Курилск.

Подоцна, огранокот на Камчатка на Единствената геофизичка служба на Руската академија на науките објави дека, според различни проценки, јачината достигнала 8,7. Според научниците од академијата, ова е најсилниот земјотрес на полуостровот од 1952 година.

Руските власти прогласија вонредна состојба на северните Курилски Острови, кои веќе беа погодени од цунами брановите предизвикани од земјотресот што го потресе брегот на Пацификот претходно денеска, објавија агенциите.

Висината на цунами бранот во рускиот тихоокеански град Северо-Курилск надмина три метри, а најсилниот достигна пет метри, објавија службите за итни случаи.