Вторник на 19 август започнуваат уписите за нови студенти на битолскиот универзитет и ќе траат до 27 август. Во меѓувреме кандидатите имаа можност да се пријавите електронски, преку интернет врската upisi.uklo.edu.mk, односно преку регистрација на iKnow системот.
За додипломските студии, на УКЛО има места за 2318 нови студенти. Од нив 1.199 се во државна квота, останатите 675 и 444 се наменети за кофинансирање и вонредни студии.
Заинтересираните кандидати имаат можност да направат солиден избор од широк спектар на специфични профили и од годинава со нова КОЛОРС димензија. УКЛО семејството од повеќе од 4000 студенти се поврзува со уште 120.000 млади луѓе преку COLOURS европската универзитетска алијанса.
Како прва македонска високообразовна институција дел од Алијансата финансирана од Европската Комисија, УКЛО почитува европски вредности, нуди мобилности и избор на предмети, а наскоро и со можност за двојна диплома на деветте COLOURS универзитети.
Ректорот проф. д-р Игор Неделковски ги повика кандидатите за студентски индекс да го стора тоа во првите денови, се со цел да можат да си најдат место со државната квота за која се плаќа 200 евра школарина.












