ТЕРА

REKLAMA???

УШТЕ ЕДЕН АПЕЛ ОД „ВОДОВОД“ ЗА РАЦИОНАЛНО КОРИСТЕЊЕ НА ВОДАТА

Јавното претпријатие „Водовод“ Битола со уште еден апел до сите корисници на рационално користење на водата за пиење.

„Водата е драгоцен ресурс особено во услови на зголемена потрошувачка и високи температури. Апелираме да се избегнува непотребно трошење (наводнување, полнење базени, миење тротоари и возила со питка вода). Секое прекумерно и нерегуларно користење ќе биде предмет на строги санкции согласно законските прописи. Да ја чуваме водата – заедно за подобра иднина“ стои во апелот на јавното претпријатие.