ТЕРА

REKLAMA???

ФИН ОД ГЕРМАНИЈА НА ПЕЛИСТЕР

Во текот на викендот блогерот Фин од Германија на покана од НП „Пелистер“ направиил прошетка по најстариот национален парк во државава и од тоа направил видео со свој коментар. Од јавната установа објаснија дека поканата за блогеорт ја  направиле како еден од сегментите за сопствена туристичка промоција.

Дека блогерите и влогерите го освоија своето место под сонцето за туристичката промоција низ светот показател е и последниот пример со нп пелистер и германецот Фин кој ова лето се шета по Mакедонија, прави блогови и ги објавува на YouTube.

Финн е Германец кој пред две и пол години се преселил во Македонија и  од октомври лани се шета по дражавава и снима видеа кои потоа ги монтира и ги поставува на YouTube  како сопствени влоговои – видео блогови. Прват во својот живот ја посетува државава, прошета во Охрид, учествуваше на прославата на Водици, секојдневно се среќава со нови луѓе во за него нови предели од државава и ја споделува својата восхитеност.

Викендов беше на Пелистер. Информацијата којашто со медиумите ја сподели Националниот парк Пелистер вели :  „Германецот Фин скоро две години живее во Макеоднија и преку социјалните медиуми успешно ни ги промовира ибавините на нашата земја . И самиот тој вели дека за него Македонија е еднаа посебно убава приказна и токму поради тоа решен е да продолжи да живее во Македонија. “ Директорот Иванчо Тошевски го поканил да помине еден ден во Националниот парк Пелистер  и , со оглед на забраната за непријавена прошетка по националното богаство на Македонија, посебно Битола, заедно со него и ренџерските тимови поминале еден ден.

Фин дал и дозвола за споделување и емитување во насока кон промоција на убавините и можностите за туристички патувања. Ние тоа иг о правиме.

Фин ги најпрвин ги споделува своите најсилни впечатоци од сите информации со кои го заврши августовскиот тринаесетти ден – воена муниција, диви коњи и глацијални езера во најстариот национален парк во Македонија. Денот им започнал во 7 наутро, со неговата фасцинација од моликовата шума и камените реки, поминал по целата патека опд Првата светска војна, ги открил и рововите за да ја сподели својата дилема – дали некој од неговите предци бил војник и служел на Солунскиот фронт, па можеби чувал позиција до некој од камените ѕидови. Се искачиле на антена, се поклониле пред споменикот на Димитар Илиевсдки – Мурато, и посебно фасциниран од фактот од глетката од 2.600 надморска висина…..