Петар Николовски е носителот на советничката листа на СДСМ во Битола за локалните избори. Ова не е официјално, но предлогот бил таков. На составената листа како што се дознава неофицијално, односно од партиски извори кои не брифираа од СДСМ, Николовски е ставен прв, односно носител на листата, но допрва треба да помине таа листа на уште два партиски филтри.
Дека тој е таму не негираше ниту Николовски во телефонскиот разговор, но вели тоа е предлог, а процедурата се уште не е завршена. Потпретседателот на партијата Методија Илиевски исто така споменува дека претстојат уште два партиски филтри.
И тој ниту потврдува, ниту негира. Нивниот локален лидер Методија Куновски, кој патем е и кандидат за гардоначаник на Битола не успеавме да го добиеме на телефон за да го прашавме на оваа тема.
Инаку Николовски е координатор на советничката група на СДСМ во Советот.












