ТЕРА

REKLAMA???

ПРВА СРЕДБА НА КОЊАНОВСКИ И КУНОВСКИ, ТОЛКУ БЛИСКУ, А ТОЛКУ ДАЛЕКУ

Вчера беше одбележана 81-та година од херојското бегство на политичките затвореници од Централниот областен фашистички затвор во Битола. По тој повод, на локацијата каде што некогаш се наоѓал затворот, во близина на „Црн мост“, беше одржана комеморативна церемонија. Настанот беше организиран од Сојузот на борци, а свежо цвеќе положија градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, советници од Општинскиот совет, претставници на политички партии, како и членови на Сојузот на борци, соопштија од Општина Битола.

Меѓу присутните беше и Методија Куновски, претседател на битолската СДСМ, кој од партијата е номиниран за кандидат за градоначалник на Битола на есенските локални избори.

И Коњановски и Куновски велат дека по прв пат се среќаваат откако и двајцата од матичните партии се номинирани да ја водат изборната битка во трката за прв човек на градот.

Си зборнале и се ракувале, иако се политички противници, а пред нив е кампања за која ниту едниот, ниту другиот очекуваат дека таа ќе биде многу коректна.

Фото: Општина Битола