ТЕРА

REKLAMA???

ФРАНЦИСКАТА ОПОЗИЦИЈА ГО СОБОРИ ПРЕМИЕРОТ, ЦЕЛТА ИМ Е МАКРОН

Францускиот претседател Емануел Макрон ќе именува нов премиер во наредните денови, соопшти француската претседателска палата, откако францускиот парламент вчера му изгласа недоверба на премиерот Франсоа Бајру, јавува агенцијата МИА.

Француската опозицијата го собори премиерот, целта е Макрон. Макрон има можност повторно да свика нови предвремени парламентарни избори, но тој тоа го отфрли како можност во изминатите неколку дена, очигледно проценувајќи дека таквото политичко коцкање како во јуни 2024 година само ќе ја доведе неговата центристичка коалиција до уште помалку пратенички места.

Францускиот Парламент ја разреши владата на премиерот Франсоа Бајру по само девет месеци на власт, при што неговата администрација го загуби гласањето за доверба.

На гласањето во Националното собрание, 364 пратеници гласаа дека немаат доверба во владата, додека само 194 и дадоа доверба.

„Во согласност со член 50 од уставот, премиерот мора да поднесе оставка на својата влада“, рече претседателката на парламентот Јаел Браун-Пивет.