На „8-ми Септември“ Денот на независноста на Пелистер на локацијата непосредно до Инфо центарот, се организираше „ПЕЛИСТЕР ВАЈБ 2025“.
Целта беше за Денот на независноста, со собир на Пелистер да се прослават слободата на начин кој го одразува вистинскиот дух на независноста – со движење, музика, природа и заедништво.
Ова е ден кога не само што се сеќаваме, туку и ја славиме силата да одлучуваме самите за себе – како поединци и како народ. Слободата да се почуствува на планина, под отворено небо, со луѓе што ја делат истата енергија.
Адреналинскиот парк е дизајниран да ја поттикне физичката активност, а понудената авантура е забава на безбеден начин.
Повеќе од 2.500 посетители беа присутни на првиот „ПЕЛИСТЕРСКИ ВАЈБ“ организиран од НП „Пелистер“ во соработка со нивните партнери.
Неколку дена пред настанот имаа и повик за пријавување за организиран бесплатен превоз.
Фото: Национален парк „Пелистер“