Израелскиот напад врз претставници на Хамас во Доха претставува „голема непријатност“ за американскиот претседател Доналд Трамп, соопшти Белата куќа.
Таа додаде дека за Трамп, Катар е силен сојузник, пријател на САД и оти на претседателот „му е многу непријатно поради локацијата на нападот“.
Левит посочи дека Катар бил предупреден за израелскиот напад во кој загинаа шест луѓе.
Претходно Хамас соопшти дека во израелскиот напад загинале шест лица, но оти преговарачкиот тим преживеал.
САД се соученици во ова злосторство, поради нивната континуирана поддршка на агресијата и злосторствата на окупацијата над нашиот народ, истакнува Хамас.
Хамас и претходно објави дека израелскиот напад бил насочен кон нивната преговарачка делегација, додека израелската армија тврди дека мета било раководството на Хамас.
Катар „силно го осуди“ израелскиот напад врз лидерите на Хамас во Доха, нарекувајќи го „кукавички“, пренесе Тајмс оф Израел.
МИА













